Поранешниот министер за образование на Република Српска и универзитетски професор, Ненад Сузиќ (71), е осуден на девет години затворска казна поради силување на малолетничка.
Окружниот суд во Бања Лука, покрај затворската казна му изрече и мерка според која повеќе не може да работи како професор, а му забрани и приближување и комуникација со одредени лица.
Во затворската казна пресметано е и времето што Сузиќ го помина во притвор од 5 јуни до 5 декември 2019 година. Тој беше уапсен во јуни 2019 година откако родителите на жртвата пријавиле во полиција. Тој е сосед на девојчето кое сексуално го злоупотребувал.
Пресудата сè уште не е правоислна и тој има право на жалба.
Сузиќ беше министер за образование во првата влада на Милорад Додиќ од 18 јануари 1998 до 12 јануари 2001 година. Предавал на Филозофскиот факултет, а неговата магистерска била на тема морално воспитување.