Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска од Скопје порача:
– ЕК останува на оценката дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на преговори за членство;
– ЕК ќе излезе со предлог-методологија за преговори до крајот на јануари, со мини-извештаи за двете земји во февруари и очекува одлука за отворање на преговорите пред Самитот во Загреб;
– приоритет, важен за позитивен мини-извештај, е донесување нов закон за јавно обвинителство, со консензус меѓу власта и опозицијата, од овој парламент;
– имплементацијата на Договорот од Преспа и на договорот со Бугарија останува клучна, без разлика кој ќе ја води владата по изборите во април.