Тим од Воено-медицинскиот центар ќе им асистира на екипите од Центарот за јавно здравје
Армијата на Република Македонија со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот, информира денеска Министерството за здравство.
„Тим од техничкиот персонал од Воено-медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), да им помага при земање брисеви за тестирање од вирусот ковид-19. Со оваа поддршка од страна на Армијата, значително ќе се зајакне капацитет, но и ќе им се олесни работата на екипите од ЦЈЗ. Тимот од Воено -медицинскиот центар се вклучува поради зголемениот број на заразни лица“,
соопштија од МЗ.
МЗ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, да соработуваат со епидемиолозите и да даваат и точни информации во епидемиолошките анкети.