Организациите „Спасете ги децата“, Норвешкиот совет за бегалци и организацијата CARE престануваат со работа во Аваганистан бидејќи без жени, не можеле да дојдат до децата,жените и мажите на кои им е потребна помош. Одлуката да престанат со работа доаѓа откако талибанската власт им забрани на жените да работат во невладини организации.
Одлуката за забрана за вработување на жени во невладини организации ја донел министерот за економија Кари Дин Мохамед Ханиф.
Инаку овие три големи невладини организации даваат услуги за здравствена заштита, образование, заштита на децата и исхрана, а потврда дека престануваат со работа пристигна и од шефот на Норвешкиот совет за бегалци во Авганистан, Нил Тарнер. Во оваа група, вели тој членувале 468 жени вработени во Авганистан.
„Ги почитувавме сите културни норми и едноставно не можеме да работиме без нашиот посветен женски персонал, кој ни треба да ги допреме жените на кои очајно им е потребна помош“,
кажа Тарнер.
Покрај забраната за работа во невладини организации, претходно талибанските власти им забранија на жените да се школуваат на универзитетите во Авганистан, чин што предизвика загриженост кај меѓународната заедница.