Речиси сите туристи кои преку граничниот премин Промахонас (Кулата) влегуваат во Грција, се тестираат, наместо како што беше досега по случаен избори.
Како што пренесува МИА повикувајќи се на грчките медиуми, по откриените голем број „увезени“ случаи на ковид-19 кај туристи кои преку конкретниот граничен премин пристигнале во Грција, Националната организација за јавно здравје веќе ги тестира речиси сите туристи.
Поради големиот број српски туристи кои биле позитивни на тестирањата во Грција, од завчера има забрана за влез на грчка територија.
Телевизијата „Скај“ коментира дека поради тоа значително е намален бројот на туристи на Промахонас, денеска немало колони возила, а посетителите се претежно од Чешка, Бугарија и Романија.