Во оваа насока е и информацијата што вчера ја објавија повеќе американски медиуми дека е можно Бајден да допатува во Европа, а како најверојатна локација се споменува Брисел
Со оглед на зголемениот ризик по безбедноста на Европа и европските земји членки на НАТО откако Русија нападна на западот на Украина, на неколку километри од Полска, Алијансата не ја исклучува можноста од вонреден лидерски самит на НАТО идната недела.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека ова е изводливо во брзо време, но не можеше да потврди.
Една од опциите е тој самит да се одржи на крајот на идната недела, кога се одржува и Самитот на ЕУ, каде што би можел да учествува и американскиот претседател Џо Бајден.
Во оваа насока е и информацијата што вчера ја објавија повеќе американски медиуми дека е можно Бајден да допатува во Европа, а како најверојатна локација се споменува Брисел, каде што се седиштата на НАТО и ЕУ.
Оваа информација за медиумите ја потврдиле повеќе извори, но од Белата куќа засега не коментираат.