Воено-медицински лица од Министерството за одбрана ќе се стават на располагање на јавните здрaвствени уставови
Владата на денешната седница го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас.
При оваа одлука Владата се повика на членот 55 став (1) точка 6) од Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе „доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат“.
Исто така, Владата одлучи да се побара од Министерството за одбрана да дозволи медицински лица од редовите на ова министерство да се стават на располагање на јавните здравствени установи во државата.