За настанатата ситуација и неможноста да отпатува во Париз, од кабинетот на претседателката го информирале кабинетот на претседателот на Франција
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не заминала на церемонијата на отворањето на катедралата Нотр Дам во Париз поради дефект на владиниот авион со кој било планирано патувањето.
За настанатата ситуација и неможноста да отпатува во Париз, од кабинетот на претседателката го информирале кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон.
„Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, кабинетот на претседателката информира дека таа не замина во Франција“,
се наведува во соопштението испратено од кабинетот на претседателката.
На денешната церемонија на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз ќе присуствуваат многубројни светски лидери, околу 40 шефа на држави и влади. Пред обновената катедрала говор ќе одржи францускиот претседател Емануел Макрон.