По Неготино и Прилеп, силно невреме синоќа го зафати и Кавадарци
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот фејсбук-профил објави дека и покрај интензивните врнежи од дожд кои го зафатија градот екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“ се излезени на терен во повеќе населени места во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони.
„Од синоќа се излезени екипи на ЈП ‘Комуналец’ со механизација од три скипови, два камиона, три трактори и 20 работници. Се расчистува наносот, наталожените решетки и сливници и со три цистерни се перат улиците од калта. Исто така, со свои екипи учествуваат и припадници на ТППЕ Кавадарци, кои помагаат во перењето на улиците и испумпувањето на водата од поплавените простории“,
изјавија за МИА од јавното претпријатие „Комуналец“.

Дополнително, градоначалникот на Кавадарци ги замоли граѓаните да бидат внимателни.