Според првичните информации, земјотресот, со епицентар меѓу Петриња и Сисак, бил со јачина од 3,5 степени
Уште еден земјотрес ја погоди денеска централна Хрватска, шест минути по пладне.
Епицентарот бил меѓу Сисак и Петриња.
Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала.
Синоќа, нов силен земјотрес, овој пат од 5 степени според Рихтеровата скала, повторно го затресе градот Петриња, каде што земјата не престанува да се тресе по големиот земјотрес на 29 декември.