Во интервју за РСЕ, Иљми Сељами нагласува дека се чуди зошто Македонци ги повикуваат Македонците да не се попишуваат
Јас не се чудам зошто Албанците повикуваат да се попишуваат Албанците, туку се чудам зошто Македонците повикуваат да не се попишуваат Македонците? Што е целта, што е намерата, да не се попишуваат, да направиме деформирани бројки, вели заменик-директорот на Државниот завод за статистика Иљми Сељами во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Пописот не е пазар, не е отворање на алваџиски тефтер, туку спроведување на закон. Како Државен завод за статистика сакаме да се обраќаме до граѓаните, бидејќи пописот се прави за граѓаните“,
вели Сељами.
Во коментар за впечатокот дека политичарите го киднапираа овој процес, Сељами вели дека жали што политичките партии не сфаќаат дека ако не се одржи пописот губат сите.
„Јас дури им велам, вие вмешувајте се, нам ни треба секој кој би ја олеснил работа. во смисла дека секој политички субјект, секој чинител и фактор во државата, во општетството, го повикуваме да ги повикува граѓаните, сите, свои, наши, ваши, оти ништо не правиме лошо ако повикуваме на попис. Кратко, тоа е како да ги повикувате граѓаните да го почитуваат законот“,
оценува Сељами.
За првпат, наведува, оваа година се прави попис од стручно тело, Државен завод за статистика, Ако не знае Државниот завод за статистика да прави попис, кој друг би знаел, политичките партии?
„Знаете дека постојано се зборуваше за доверба во пописите- го прават Македонци нема да веруваат Албанци, го прават Албанци нема да веруваат Македонци, па Турците нема да веруваат итн. Еве има и Македонец директор има и заменик- директор кои ќе гарантираат, секој од своја гледна точка, за вистинитоста на податоците. Не сме ние тука поставени од никого, ниту пак јас би прифатил такво нешто, да седам тука и некој да ми делегира, господинот Ахмети или господинот Заев да ми се јават и да ми кажат направете вие да има 30 проценти Македонци, 20 проценти Албанци, толку Турци. Ова не е пазар, ова не е отворање на алваџиски тефтер. Ова е спроведување на закон, наведува Сељами во интервјуто за РСЕ “,
вели заменик-директорот на ДЗС.