„Бараме од властите на двете земји веднаш да дозволат пристап до граничните зони за претставниците на хуманитарните организации и организациите за одбрана на човековите права, за новинарите, адвокатите, како и претставниците на цивилното општество“, посочи портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права
Полска и Белорусија одбиле пристап до нивната граница на претставници од Обединетите нации кои требало да ја испитуваат мигрантската криза.
Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права на истакна дека еден тим на Обединетите нации може да оди во Полска, но нема дозвола да ја посети граничната зона, додека пак Белорусија го блокирала пристапот до цела нејзина територија.
„Бараме од властите на двете земји веднаш да дозволат пристап до граничните зони за претставниците на хуманитарните организации и организациите за одбрана на човековите права, за новинарите, адвокатите, како и претставниците на цивилното општество“,
посочи портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.
Таа во името на Високиот комесаријат на ОН ги повика Полска и Белорусија „итно да се справат“, со како што наведе, очајната ситуација во која се наоѓаат мигрантите и бегалците на границата помеѓу двете држави, каде или воопшто нема или има ограничен пристап до храна, вода и засолништа.
Тим на Високиот комесаријат престојуваше во Полска од 29 ноември до 3 декември и иако немаше дозвола да ја посети граничната зона, членовите на тимот се сретнаа со претставниците на владата и разговараа со 31 мигрант, кои пристигнале во земјата во периодот од август до ноември.