Тројца се повредени во престрелка во кафуле на плажа во Ханиоти на грчкиот полуостров Халкидики, популарно туристичко место во кое летуваат и многу македонски граѓани. Полицијата, како што пренесува дописникот на МИА, не ја исклучува можноста за криминална пресметка меѓу спротивставени групи од Бугарија.
По пукањето уапсени се петмина, а се трага по уште едно лице. Инцидентот се случил доцна синоќа, пред полноќ. Според државната грчка телевизија ЕРТ, инцидентот бил меѓу сопственикот на кафулето и неколку лица.