Наместо во 21, полицискиот час од денеска (5 мај) ќе почнува во 23 часот, а ќе трае до 5 часот наутро, одлучи Владата на синоќешната седница. Оваа мерка ќе биде во сила до 15 мај.
Соодветно со ова, се продолжува и работното време на угостителските објекти и тие од вечерва ќе може да работат до 22:30 часот.
Нова мерка за заштита од ковид-19 е и одлуката за карантин од 14 дена за сите странци и наши граѓани што доаѓаат во земјава од Индија или Бразил.