„Министерството за внатрешни работи спроведува акција за лишување од слобода на сторители на кривични дела на неколку локации низ државата. Повеќе информации за акцијата ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден“, велат од МВР
Полициска акција во која се вршат претреси, а има и уапсени, вечерва се одвивала во скопско Арачиново, но и во Чаир, пренесуваат дел од медиумите.
Освен на овие локации, вечерашната акција на МВР е проширена и во други градови.
Од МВР за „360 степени“ потврдија дека вечерва има полициска акција, но повеќе детали најавија за утре.
„Министерството за внатрешни работи спроведува акција за лишување од слобода на сторители на кривични дела на неколку локации низ државата. Повеќе информации за акцијата ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден“,
ни одговорија од МВР.
Ова е втора акција на МВР денеска во која има приведени лица. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека четири лица биле уапсени утринава во Струга и во Гостивар.
Тошковски рече дека биле извршени претреси на повеќе локации, а за инволвираните лица вели оти биле дел од терористички организации, кои во соработка со лица кои се надвор од државата, подолг временски период биле следени од надлежните безбедносни органи и оти за нив се постапувало во координација со меѓународните пријатели на земјава.