Според МВР, цел на денешните дојави за наводно поставени бомби биле вкупно 49 училишта и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп
Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека по направените потребни проверки од страна на нивните тимови е утврдено дека сите денешни дојави за поставени експлозивни направи се лажни.
Според МВР, цел на денешните дојави за наводно поставени бомби биле вкупно 49 училишта и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,
соопштуваат од МВР.
Вчера рекорден број училишта беа опфатени со дојави за бомби. Ги имаше во 86 школи, една градинка и во Заводот за рехабилитација во Скопје, како и во едно училиште во Прилеп. По проверките, за сите беше утврдено дека се лажни.