Според објавата на мајката на девојчето на социјалните мрежи, 14-годишничката тргнала од дома накај училиште во 7:20 часот по што ѝ се губи секаква трага. Последен пат била видена во Дебар Маало на пат кон училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“
Полицијата е во потрага по 14-годишно девојче од Скопје кое од утринава е пријавено за исчезнато.
Случајот го обелодени мајката на тинејџерката во објава на социјалните мрежи, а го потврди и МВР.
Според објавата на мајката на девојчето, 14-годишничката тргнала од дома накај училиште во 7:20 часот по што ѝ се губи секаква трага. Последен пат била видена во Дебар Маало на пат кон училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“.
„Утрово во 7:20 часот мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и се изгуби секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светлосин џемпер, црна кратка зимска јакна и бели патики ’најк’ со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон ‘Песталоци’. Доколку имате каква било информација, јавете се на 075 400 816“,
пишува мајката на девојчето во објава на Фејсбук.
Случајот за исчезнатото девојче бил пријавен во полиција во 8:35 часот утринава.
„На 27.11.2023 во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“,
информираат од МВР за „360 степени“.