Полицијата синоќа растурила семејна веселба во ресторан во селото Здуње, во сопственост на 59-годишен гостиварец.
Откако стигнала пријавата, полицајци излегле на терен и во локалот на самото место затекнале околу 70 гости.
Бил повикан и инспектор од Државниот пазарен инспекторат.
Сопственикот на ресторанот ќе добие кривична пријава за делото непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.