Полицијата не даде дополнителни информации за содржината на писмото, освен дека во него не се наведуваат мотивите за нападот
Проштална порака и нефункционална цевна бомба се пронајдени за време на претресот на домот на 21-годишното момче кое вчера изврши масакр во своето поранешно училиште во Грац, а потоа се самоуби.

Надлежните информираа дека импровизираната експлозивна направа била пронајдена вчера, кратко откако напаѓачот се самоуби по масакрот во кој усмрти 10 лица. Во домот на момчето е пронајдено и проштално писмо кое содржело самоубиствена порака, а било адресирано до неговите родители. Полицијата не даде дополнителни информации за содржината на писмото, освен дека во него не се наведуваат мотивите за нападот.
Полицијата сè уште го испитува мотивот за нападот во кој, заедно со напаѓачот, загинаа 11 лица. Момчето користело два вида оружје за време на нападот, пушка и пиштол, за кои е соопштено дека ги поседувал легално.
Во Австрија од денеска е прогласена тридневна жалост.