Полициски службеници од СВР Битола денеска од 8 до 13 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 51 возач, информираат од МВР.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“,
потенцираат од МВР.
СВР Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
„Од тие причини СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај почнувајќи од 15.00 часот утре, па сè до 22.00 часот на 2 Август на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место наречено Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен“,
информираат од полицијата.