Еден од водечките европски информативни портали „Политико“ ја објави својата листа на највлијателни личности во Европа. Списокот е поделен на три категории: Вршители, Сонувачи и Нарушувачи.
Во првата категорија – Вршители, победник е Роберт Хабек, германскиот министер за економија. Во втората – Сонувачи, прва е финската премиерка Сана Марин. Во третата категорија – Нарушувачи, победник е новата италијанска премиерка Џорџа Мелони.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, е избран за севкупен број еден, додека Владимир Путин е ставен како последен во категоријата Сонувачи зашто сонувал ама не успеал, преку војната во Украина, да создаде голема Русија.
Зеленски е број еден
Не замина од Киев, не ја напушти Украина. Наместо тоа побара оружје и муниција за неговата земја да се одбрани од руската агресија. Володимир Зеленски, иако тоа многумина не го очекуваа, се покажа дека е вистинскиот човек на вистинското место во вистинското време. Затоа, тој е севкупниот победник во овогодишното рангирање на „Политико“.
„Европа се менува. Континентот ги преиспитува своите стратешки односи, сериозно се занимава со одбраната, ги преиспитува политиките за трговија, пристапување и енергетска безбедност. Општо земено, се преиспитува што значи да се биде Европеец – и тоа во голема мера поради украинскиот комичар кој стана претседател“,
пишува „Политико“ за Зеленски кого го нарекува „Европеецеот“.
Вршители
- Роберт Хабек, германски министер за економија, првото место го добива поради централната улога во ЕУ за воведувањето бројни санкции кон Русија. „Политико“ го нарекува Хабек „Вистинскиот канцелар“;
- Кристин Лагард, директорка на ММФ, е на оваа листа поради начинот на кој пристапи кон справувањето со инфлацијата. „Политико“ ја нарекува Лагард „Пожарникарот“;
- Кристофер Каволи, главен команддант на НАТО и силите на САД во Европа, е ставен на списокот поради односот кон Украина и обезбедувањето сета воена помош да стигне до неа. „Политико“ го нарекува Каволи „Генералот“;
- Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција, е на оваа листа како човек кој знае да игра со сите страни, ем е со НАТО, ем помага за воспоставување комуникација со Москва, ем има милиони бегалци на негова територија кои ги користи за заплашуавње на ЕУ. „Политико“ го нарекува Ердоган „Вајлд-карта“;
- Каја Калас, премиерка на Естонија, високо е рангирана на листата на „Политико“ зашто предвреме алармираше во ЕУ за опасноста која лежи во Русија и нејзиниот државен врв. „Политико“ ја нарекува Калас „Касандра“;
- Денис Редонет, втор човек во одделот за трговија на Европската комисија, се наоѓа на овој список поради стриктниот пристап и инсистирањето на доследно спроведување на трговските договори кои ЕУ ги има поптишано. „Политико“ го нарекува „Спорведувачот“;
- Марин Ле Пен, долгогодишен лидер на француската десница, заврши на седмото место поради успехот на парламентарните избори во Франција по кои нејзината партија стана трета политичка сила во земјата. Ле Пен за „Политико“ е „Ветеранот“;
- Аија Калнаја, прв човек на Фронтекс, се најде на спиокот поради начинот на кој ги менаџира европските надворешни граници. „Политико“ ја нарекува Калнаја едноставно како „Полицајката“;
- Бјорн Сеиберт, шеф на кабинет на претседателката на ЕК, важи за исклучително влијателна фигура во оваа постава на Комисијата и човекот одговорен за одличното „играње“ на Урсула фон дер Лајен со администрацијата во Вашингтон. Прекарот кој „Политико“ му го даде е „Преговарачот“.
Сонувачи
- Сана Марин, премиерка на Финска, ја предводи оваа категорија во изборот на „Политико“ зашто ги крши стереотипите за надворешната политика на нејзината земја. Марин прекина со традицијата на балансирање меѓу НАТО и Русија и ја турка Финска кон Алијансата. За „Политико“ Марин е „Партискиот лидер“;
- Никола Стурџен, прва министерка на Шкотска, е на овој список зашто бара втора шанса за Шкотска и најави нов референдум за независност во октомври идната година. Прекарот кој и го даде „Политико“ е „Повторниот сторител“;
- Ерик Хуанг, тајвански дипломат, го заслужи вниманието поради кое го доби при менаџирањето на тајванската канцеларија во Вилнус, чие отворање ги вжешти односите меѓу ЕУ и Кина. Хуанг за „Политико“ е „Амбасадорот“.
- Елке ван ден Брандт, министер за мобилност и транспорт за Брисел, успеа да го намали бројот на автомобили во главниот град на ЕУ. За овој успех „Политико“ ја нарече „Аутофоб“;
- Пап Ндиаје, француски министер за образование, е ставен на листата на „Политико“ поради улогата на човек кој треба да ја помири нацијата. Ндиаје го доби прекарот „Медијатор“;
- Франс Тимерманс, потпретседател на ЕК, ја доби шестата позиција за тешката задача која ја исполнува – до 2050 емисиите на штетни гасови во ЕУ да ги сведе на нула. „Политико“ го нарекува Тимерманс „Зелениот џин“;
- Тјери Бретон, комесар во ЕК за внатрешен пазар, се најде на листата поради залагањата Европа, во екот на војната во Украина, добро да размисли од кои земји зависи и на кои помалку да се потпира. Неговиот прекар е „Независниот“;
- Сиета ван Кеимпема, лобист и претставник на фармерите во Холандија, своето место на спиското го заслужи со успешното противење на заложбите на холандската влада за намалување на емисиите на јаглерод. „Политико“ ја именуваше како „Возвратен удар“;
- Владимир Путин, претседател на Руската Федерација, е последниот на листата на сонувачи зашто сонуваше ама не успеа да го оствари планот за голема Русија, а тоа го покажува и текот на неговата агресија во Украина. За „Политико“ тој е „Губитникот“.
Нарушувачи
- Џорџа Мелони, премиерка на Италија, е прва на листата нарушувачи поради обидите да се претстави дека таа не е закана, иако беше гласна во кампањата дека ќе повлече земјата од еврозоната и се противеше на санкциите против Русија. „Политико“ ја нарече Мелони „Ла Дуче“ (женски род за Ил Дуче, прекарот на Бенито Мусолини);
- Виктор Орбан, премиер на Унгарија, високата втора позиција ја заработи со негирањето на европските вредности о одењето контра политиките на ЕУ иако неговата земја со години е членка на Унијата. За „Политико“ Орбан е „Внатрешниот непријател“;
- Кир Стармер, лидер на британските лабуристи, се најде на листата на „Политико“ поради калкулантските потези и честото критикување на власта без да понуди конкретни чекори. Очекувано, „Политико“ го нарекува Срамер „Премиерот во сенка“;
- Жан Лук Меленшон, француски политичар, се најде на средината на овој список поради придонесот во зажувувањето на француската левица која се најде во тешка позиција по првата претседателкса победа на Емануел Макрон. Меленшон често носи беж капут за дожд и затоа го доби прекарот „Француски отпор“;
- Алберто Нуњез, лидер на опозицијата во Шпанија, е вискорангиран поради начинот на кој, со огромна поддршка, ги обедини гласовите на Народната партија и ја доби можноста да ја предводи на изборите закажани за идната година. За „Политико“ тој е „Прагаматичарот“;
- Карлос Таварес, претседател на автомобилската групацијата „Стелантис“, поради неговото двоумење дали елктрификацијата е вистинската иднина за автомобилите. Неговата „Стелантис“ е шеста по големина во автомобилската инсустрија. Неговиот прекар е „Клуч“;
- Илва Јохансон, еврокомесарка за внатрешни работи, го доби седмото место поради нејзиниот притисок за поголем ред, за поголемо влијание и активност на Еуропол. „Политико“ и го даде прекарот „Заштитникот“;
- Кирјакос Мицотакис, премиер на Грција, се најде на оваа листа поради серијата скандали во неговата земја кои опфаќаат незаконско следење, шпионирање, замолчување на медиумите. Неговиот прекар е „Извалканиот штит“;
- Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија, или како што „Политико“ го нарекува – „Темниот дипломат“. На Лавров му се припишува успехот во тоа што, и покрај агресијата врз Украина, се уште има многу држави и влади во светот кои немаат проблем да комуницираат и негуваат добри односи со Москва и да примаат во посета високи руски функционери.