На оваа посета на поглаварот на СПЦ, Порфириј, и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19 мај во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски Стефан
Патријархот Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе отслужат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Делегација на српската православна црква предводена од Патријархот Профирије вчера попладнепристигна во канонска посета на МПЦ-ОА, каде се сретнаа и со Архиепископот Стефан.
Во делегацијата на СПЦ се и Митрополитот црногорски и приморски Јоаникије, Епископот сремски Василиј, Епископот бачки Иринеј, зворничко-тузланскиот Фотие и крушевачкиот Давид.
На оваа посета на поглаварот на СПЦ, Порфириј, и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19 мај во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски Стефан.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристичка заедница.
Вселенската патријаршија на 9 мај ја призна канонската природа на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви.