Дваесет и двегодишниот пациент од Скопје, кој е еден од шесте починати од ковид-19 во изминатите 24 часа, имал Даунов синдром, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Пациентот, како што посочија, во тешка општа состојба бил примен на 16 јули во Градската општа болница „8 Септември“.
Во последното деноноќие регистрирани се 113 новозаразени со ковид-19, а оздравени се 259 лица. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 402.