Во полициското одделение во Шуто Оризари вчера околу 7 часот наутро било пријавено дека во дом на улицата „Гвадалахара“ има починато бебе.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на местото веднаш излегле полициски службеници, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.