Информацијата ја објави јутјуберот Стефан Лазаров соопштувајќи оти Зоки Фаци ја загубил битката со ракот
По долго боледување, утринава почина македонскиот естраден новинар и водител Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци.

Информацијата ја објави неговиот соработник и пријател, јутјуберот Стефан Лазаров.
„За жал, ова утро во 6:40 часот почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот, тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите. Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам. Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш“,
напиша Лазаров во објавата на социјалните мрежи.