Рој е познат на македонската јавност од пред неколку години кога тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот премиер Никола Груевски го најави како голем инвеститор во македонската економија, но тие инвестиции никогаш не се реализираа
Индиецот со неостварени бизнис планови во Северна Македонија, Субрата Рој почина денеска на 74-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, Рој во неделата бил примен во болница откако му се влошила состојбата поради бројни здравствени проблеми.
Во соопштението од „Сахара груп“ се вели дека тој починал од срцев удар. Бил болен од рак, имал висок притисок и дијабетес. Бил примен во болницата на 12 ноември, откако му се влошилa здравствената состојба.
„Нашиот инспиративен лидер и визионер, почина на 14 ноември 2023 година во 22:30 часот поради кардиореспираторен застој по долга битка со компликации кои произлегуваат од метастатски малигнитет, хипертензија и дијабетес“,
се наведува во соопштението од „Сахара Индија Паривар групацијата“.
Рој е познат на македонската јавност од пред неколку години кога тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски го најави како голем инвеститор во македонската економија, но тие инвестиции никогаш не се реализираа. Дел од нив беа хотелски комплекс во Охрид и развој на сточарската индистрија во Џумајлија.
Субрата Рој во неколку наврати го посети Охрид, каде ги претстави амбициозните проекти во туризмот и земјоделството.