Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови
Хрватскиот поп пејач Масимо Савиќ почина денеска на 60 години.
Ненадејната смрт на таткото и сопругот на Фејсбук ја потврдија неговата ќерка и сопруга.
„Нашиот татко, сопруг, гордоста и љубовта Масимо Савиќ не напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеана, топла, силна, полна со љубов и исткаена од уметност. Засекогаш ќе бидеме твои девојки. Ани и Мирна“,
стои во објавата на Фејсбук.
Тажната вест ја потврдија и од компанијата за снимање Акварииус рекордс
Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.
Масимо Савиќ важеше за еден од најпрепознатливите и најемотивни вокали на некогашната југословенска музичка сцена. Кариерата ја почна како фронтмен на њу вејв/синт-поп групата „Доријан Греј“, со која сними два албума во првата половина на 1980-ите, пред да продолжи како соло пејач.