Поради земјотресите што рано изутрината го потресоа Загреб, зградата во која е сместена Клиниката за гинекологија и акушерство се смета дека не е безбедна поради што е решено новороденчињата да бидат сместени во шатор во кругот на Клиничката болница Дубрава.
„Трудниците, исто така, ќе бидат згрижени и тоа во понова зграда која се наоѓа до старата“, изјави Миливој Новак, помошник-директор на Клиничкиот болнички центар во Загреб.

За време на потресот родителите и медицинскиот персонал се симнале во дворот на болницата. Од Клиниката велат дека зградата ќе треба статички да се провери пред евентуално да продолжи да се користи.
*поврзана вест Хрватските медиуми се коригираат: 15-годишното дете е во критична состојба