„Големиот притисок што нашите сили го вршат врз целите на Хамас повеќе од кога било нè приближува до враќањето на киднапираните. Ќе продолжиме до крај, нема друг начин“, вели израелскиот министер за одбрана
Израелските сили ќе ја продолжат својата воена кампања во Газа кон Рафах и покрај тоа што таму се стационирани голем број на палестински цивили, изјавил израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, објави „Гардијан“.

По завршувањето на мисијата во градот Кан Јунис, за израелската војска следната цел ќе биде Рафах, најјужниот град во Појасот Газа.
Во објавата на платформата „Икс“, Галант рече дека бригадата во Кан Јунис на организацијата Хамас е распуштена, дека таму ја завршуваат мисијата, потоа ќе продолжат кон Рафах.
„Големиот притисок што нашите сили го вршат врз целите на Хамас нè приближува до враќањето на киднапираните повеќе од кога било. Ќе продолжиме до крај, нема друг начин“,
рече Галант.
הערכת מצב בח׳אן יונס עם סגן הרמטכ״ל ומפקד אוגדה 98
— יואב גלנט – Yoav Gallant (@yoavgallant) February 1, 2024
חטיבת ח׳אן יונס של ארגון החמאס מפורקת, נשלים את המשימה שם ונמשיך לרפיח.
הלחץ הכביר שהכוחות מפעילים על יעדי החמאס מקרב אותנו להשבת החטופים, יותר מכל דבר אחר.
אנחנו נמשיך עד הסוף, אין דרך אחרת. pic.twitter.com/6Lt9gLgjFV
Галант тврди дека израелските сили досега елиминирале околу 10 000 борци на Хамас, а уште 10 000 биле ранети.
Според „Гардијан“, израелските сили постојано ја прошируваат својата кампања на југ во областите каде што претходно ги насочиле Палестинците да бегаат на безбедно.
Рафах е најјужниот град во Газа и оттаму нема каде цивилите да одат, бидејќи Израел и Египет нема да им дозволат да ја напуштат територијата.
Осумдесет и пет проценти од 2,2 милиони жители на Газа веќе се раселени, а Рафах е пренаселен, зашто во него живеат повеќе од еден милион луѓе.
Пред две недели, израелските одбранбени сили процениле дека убиле околу 9 000 борци на Хамас од почетокот на војната против Хамас по нападите на групата врз Израел на 7 октомври.
Обединетите нации вчера соопштија дека повеќе од 1,4 милиони жители на Газа живеат во Рафах.
Според ОН, населението во Рафах, на границата со Египет, брзо се намножило бидејќи жителите на Газа побегнале таму по израелското бомбардирање на северните градови.