Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот состанок на ЦК на партијата посочил дека во тек се испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по денешата редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори, објави соопштение во кое потенцира дека Владата е стабилна и силна, и заклчува дека ги исполнува очекувањата на граѓаните и покрај бројните предизвици.
„Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој. Генералниот секретар Сајкоски ги информира претседателот и партијата дека општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа“,
се вели во партиското соопштение.
Мицкоски на седницата истакна дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати како последица на владините реформи и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани.
Претседателот на партијата посочил дека во тек се испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори кои треба да се случат во октомври.
Со слично соопштение утрово излезе и коалицискиот партнер во власта, „Вреди“, кои најавуваат голема победа на локалните избори во општините каде што живее доминантно население со албанска етничка припадност.
Овие соопштенија на владините партнери доаѓаат во време кога и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, синоќа, и портпаролката Богданка Кузеска, денеска, обвинија дека државните институции во спрега со власта вршеле сериозни притисоци и инспекции во општините каде што раководат кадри на СДСМ.