Кралството Бахреин е втора земја во светот што одобри итна употреба на вакцината против ковид-19 на американската компанија „Фајзер“ и „БиоНТек“.
Дозволата е издадена по детална анализа на сите достапни податоци, јави денеска државната новинска агенција на Бахреин.
Кралството не соопшти колку дози на вакцина се набавени ниту кога ќе почне вакцинацијата.
Бахреин претходно издаде дозвола за итна употреба и на кинеската вакцина што ја разви Синофарм.
Вакцината што ја развија американската компанија „Фајзер“ и германската „БиоНTек“, прва во средата ја одобри Велика Британија.