По шест недели, Словенија денеска ја укина одлуката за забрана за движење меѓу општините, а за во понеделникот премиерот Јанез Јанша најави ново олабавување.
Одлуката за забрана за движење надвор од матичните општини беше воведена на 18 март.
Меѓу најавените нови олабавувања нема да биде и дозволата за масовни собири, кои според изјавата на Јанша, веројатно, нема да бидат можни додека не се открие вакцината или лек за ковид-19 и не почне да се користи.