Почна со работа пунктот за тестирање за ковид-19 во Свети Николе.
Директорката на Центар за јавно здравје-Велес, Анасатазија Иванова, вели дека секој ден тим составен од доктор и лаборант ќе бидат во пунктот, а откако ќе ги земат брисевите, ќе ги испраќаат во Скопје.
„Денеска се зедоа контролни тестови на жители на Свети Николе, кои имаат прв или втор тест. Отварањето на пунктот е на барање на Општинскиот кризен штаб, а во договор со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје“,
вели Иванова.
Од кризниот штаб во саботата побараа пункт за жителите да може да се тестираат во градот, наместо да одат во Велес.
Во моментов во Свети Николе активни се 180 случаи на ковид-19.