Ова следува откако пред десетина дена питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и лица од Воено-медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово пријавија стомачни тегоби по консумирање храна во објектите
Министерството за одбрана (МО) информира дека е формирана специјална Комисија која ќе ги испитува сите неправилности и недостатоци од договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО.
Ова следува откако пред десетина дена питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и лица од Воено-медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово пријавија стомачни тегоби по консумирање храна во објектите.
„Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, Министерството ќе преземе мерки за раскинување на договорот“,
информираат од Министерството за одбрана.
Од Министерството претходно информираа дека на 12 септември годинава 20 питомци и двајца офицери од Центарот за обука на питомци од Воената академија, како и уште четири лица од Воено-медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово се пожалиле на мачнина проследена со повраќање.