Меѓу прашањата што ќе се разговараат на годишниот состанок на Светскиот економски форум се: зголемувањето на цените на храната и горивото, руската војна во Украина, климатските промени, сушата и недостигот на храна во Африка, нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните, автократските режими и пандемии…
По двегодишна пауза поради пандемијата денеска во швајцарскиот град Давос започнува Светскиот економски форум, на кој ќе присуствуваат политички и деловни лидери, експерти и активисти.
Меѓу прашањата што ќе се разговараат на годишниот состанок на Светскиот економски форум се: зголемувањето на цените на храната и горивото, руската војна во Украина, климатските промени, сушата и недостигот на храна во Африка, нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните, автократските режими и пандемии…
Сепак, војната во Украина ќе биде клучна тема, па претседателот Володимир Зеленски ќе зборува денеска, на денот на отворањето преку видеоврска од Киев, додека во салата во Давос ќе биде министерот за надворешни работи на Украина и друга делегација на други високи украински претставници.
Меѓу политичките лидери кои ќе дојдат во Давос се германскиот канцелар Олаф Шолц, американскиот претставник за клима Џон Кери, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Претседателот на Форумот – меѓународна невладина организација и лоби организација, Борге Бренде рече дека голем број извршни директори и други деловни лидери ќе размислат како приватниот сектор може да ја поддржи Украина „во ситуација кога Русија го крши меѓународното право, меѓународното хуманитарно право и не се придржува до повелбата на ОН.
Но не сите веруваат дека Давос е место каде може да се најдат решенија.
Десетици демонстранти се судрија со полицијата во петокот во Цирих, кои протестираа против економските елити за кои овие групи сметаат дека го ставаат профитот над народот.
Полицијата употреби гумени куршуми и бибер спреј за да ја растера толпата од недозволениот собир.
Додека Украина ќе привлече внимание на првиот ден од состанокот, климатските и еколошките прашања ќе бидат постојана тема, бидејќи форумот се занимава со идните предизвици исто како и актуелните.