Шест часа траеше исказот на косовскиот претседател, Хашим Тачи, пред хашките обвинители. На излегување Тачи рече дека ги слушнал само техничките аспекти на постапката за која зборувале неговиот адвокат и обвинителите.
„Денеска слушнав размена на ставови за различни техники меѓу адвокатот и обвинителите, теми за техничко расветлување, а во исто време и првични прашања од интерес на обвинителите за ОВК. Утре продолжуваме“,
изјави Тачи по завршувањето на денешното сослушување.
рече Тачи по пристигнувањето во Хаг.
„Се борев за независно, слободно Косово темелено на еднакви права, мултиетничко општество и владеење на правото. Подготвен сум да се соочам со нов предизвик и триумф за мојот син, семејството, граѓаните и мојата земја. Никој не може да ја прекрои историјата. Ова е цената за слобода. Јас верувам во мир, вистина и правда “,
Косовскиот претседател денеска дојде во Хаг за да одговри на прашањата на обвинителите. Тој и Кадри Вејсели се сомничат за околу 100 убиства извршени во периодот 1998-1999 година.