Од први октомври, сите вработени во државната администрација ќе работат од 8 до 16 часот.
Владата на денешната седница ја суспендира одлуката за флексибилно рааботно време, според која вработените во државната управа можеа да доаѓаат на работа од 07:30 до 15:30 или од 08:30 до 16:30.
Флексибилното работно време се воведе на 1 септември 2017 година, со што органите на државната управа можеа да почнуваат со работа помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот да биде помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
За Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, Министерството за внатрешни работи: подрачните отсеци во Секторот за управно – надзорни работи во Одделот за граѓански работи, како и во Министерството за одбрана – за одделенија за одбрана за регион со градовите и општините во состав беше воведено работно време од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот, со време на работа од 08:00 до 16:00 часот.
Одлуката, како што ја образложи тогашниот министер за информатичко опптетво и администрација, Дамјан Манчевски два месеци пред да стапи наа сила, беше резултат на серија консултации со јавноста, меѓу кои и граѓанските организации и синдикатите, за да се подобрат условите за вработените во јавната администрација, како и за подобар пристап до услугите заа граѓаните и за бизнис заедницата.