Борисов, пак, потоа за време на неговата посета на Провадија, изјави дека ГЕРБ го избрале претседателскиот кандидат, меѓутоа не го откри името со оглед дека не се познати ниту кандидати на другите партии
Поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев, го одбил предлогот на партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, да биде кандидат за претседател на изборите во Бугарија на 14 ноември, изјави Плевнелиев за бугарската телевизија „On Air“.
„Пред два месеца му се јавив на Бојко Борисов. Разговаравме искрено зошто тој не може да биде и зошто јас не можам да бидам“,
вели Плевнелиев.
Тој ја смета за неуспешна стратегијата на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, да се соочи во претседателската битка со Румен Радев. Според него, предложениот кандидат на поранешната владејачка партија треба да биде натпартиски.
Борисов, пак, потоа за време на неговата посета на Провадија, изјави дека ГЕРБ го избрале претседателскиот кандидат, меѓутоа не го откри името со оглед дека не се познати ниту кандидати на другите партии.
Покрај претседателските, на 14 ноември Бугарија ќе гласа и на нови парламентарни избори – трети годинава, откако по претходните два ниту една партија не успеа да формира влада.