На лицата кои се заболени со ковид-19 или се посочени како контакти и поради тоа се во изолација платата ќе се пресметува според законските прописи или колективниот договор.
Ова го одлучи Владата на денешната седница и ќе с еоднесува на лица кои работат во министерствата и органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и на општините, градот Скопје и општините на градот Скопје.
Согласно заклучоците, Владата препорачува висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од работа на заболени вработени лица од ковид-19, вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, но се асимтоматични (односно немаат знаци на болест), а за кои е констатирано дека се заболени ковид-19, а се вработени во приватниот сектор, да се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на оваа седница е утврден и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита за да се олесни и поедностави пристапот до правото на гарантирана минимална помош за лицата или домаќинствата во време на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди).
„Согласно динамиката на поднесени барања и траењето на пандемијата во наредниот период, со овие олеснувања се очекува да бидат опфатени околу 5 000 нови домаќинства во 2021 година“,
се додава во соопштението.