Со оглед на фактот дека во Северна Кореја нема национална кампања за вакцинација, додека капацитетот за тестирање е ограничен, експертите се сомневаат дека бројките на заразени би можеле да бидат многу поголеми
Северна Кореја петти ден по ред објави дека има повеќе од 200 000 новозаразени пациенти кои страдаат од треска предизвикана од епидемијата на ковид-19, со што бројот на вакви случаи надмина два милиона и сега изнесува 2,4 милиони, јавија денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи ја севернокорејската државната телевизија.
Актуелниот бран на инфекции со ковид-19 во Северна Кореја, објавен минатата недела, предизвика загриженост за недостаток на вакцини, несоодветна медицинска инфраструктура и потенцијална криза со храна во оваа 25-милионска земја, која одбива странска помош додека ги држи границите затворени.
Бројот на починати, пак, досега достигна 66.
Со оглед на фактот дека во Северна Кореја нема национална кампања за вакцинација, додека капацитетот за тестирање е ограничен, експертите проценуваат дека податоците објавени од државните медиуми би можеле да бидат потценети и дека е тешко да се процени големината на бранот на пандемијата.