МВР сè уште утврди од кога потекнува снимката од Христијан Мицкоски и полициските службеници во теретана, тврди дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
Таа порачува дека и прекривање на кривично дело е кривично дело.
Нејзината реакција следува откако министерот Наќе Чулев објави дека се постапувало во врска со овој случај и оти на снимките од видео-надзорот во теретаната во текот на април не е забележан Мицкоски, како и дека има изјави од вработени оти станува збор за снимка од октомври лани.
„Во врска со објавената снимка од Мицкоски и полициски службеници во теретана, во интерес на вистината информирам дека МВР сè уште не утврди од кога потекнува снимката и затоа никој, па ни Чулев не може да тврди дека истрагата е завршена. Случајот со Мицкоски и теретаната нема да се затвори затоа што некој има наредба по секоја цена да ги заштити Мицкоски и Бисовски. Бидејќи МВР сè уште нема утврдено на кој датум е направена снимката, истрагата за потенцијално неодговорното и несовесно однесување на лица кои во време на пандемија ги кршат мерките сè уште не е завршена. Кривично дело е и прикривање на кривично дело. Обидите МВР да се претвори во МВРО-ВМРО ќе бидат неуспешни. Одговорност мора да има за секој кој неодговорно се однесува, без оглед на неговата позиција во општеството“,
вели Петровска.
Пред денешните објави на двајцата функционери во МВР, кога се појави снимката се огласи Мицкоски тврдејќи дека истата е стара најмалку шест месеци.
Потоа реагираше СДСМ од каде пак, посочија дека лицата кои се гледаат на снимката носат ракавици и маски. Исто така, тие прашуваа и во кое својство командирот на единицата Тигар, Ивица Бисовски, кој го споменува Петровска, е со Мицкоски во теретаната.
*Поврзани вести:
Се појави нова снимка од Мицкоски во теретана, тој тврди дека е стара најмалку 6 месеци
Чулев: Снимката со Мицкоски во теретана е од октомври 2019 г.