Петков вчера изјави дека ќе се обиде да формира нов кабинет откако ќе ја побара поддршката од независните пратеници кои се отцепија од „Има таков народ“, а доколку не успее, ќе се оди на избори
Во понеделник наутро Кирил Петков ќе поднесе оставка, откако неговата влада вчера не го преживеа гласањето недоверба.
Петков ова го изјави во Брисел каде што учествува на Самитот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан. Изјавата ја даде за бугарските новинари.
Претходно денеска, претседателството официјално одговори откако премиерот поднесе оставка од кабинетот до парламентот.
Претседателот на Бугарија Румен Радев ќе ги започне консултациите со пратеничките групи за давање на мандатот за формирање нова влада откако премиерот до Народното собрание ќе ја поднесе оставката на актуелната влада.
Петков вчера изјави дека ќе се обиде да формира нов кабинет откако ќе ја побара поддршката од независните пратеници кои се отцепија од „Има таков народ“, а доколку не успее, ќе се оди на избори.