Гласањето за недоверба на Влада го иницираше опозициската ГЕРБ поради, како што наведоа, економски неуспеси на Владата
Бугарскиот премиер Кирил Петков официјално ја поднесе оставката од Владата. Петков рано утрово пристигнал во зградата на Министерскиот совет придржуван од обезбедување, но од истата заминал без да даде коментар за медиумите, пренесе БГНЕС.
Владата на Петков падна по гласањето за недоверба во бугарското Народно собрание на 22 јуни. За недоверба на владата гласаа 123 пратеници, а 116 беа против.
Гласањето за недоверба на Влада го иницираше опозициската ГЕРБ поради, како што наведоа, економски неуспеси на Владата.
Откако Петков веќе ја достави оставката до бугарското Народно собрание, сега се очекува претседателот на државата, Румен Радев, да започне консултации со пратеничките групи за врачување мандат за формирање нова влада.