Нападот следеше по предупредувањето од руското Министерство за одбрана до жителите на Киев дека се подготвува да погоди цели во главниот град
Пет луѓе загинаа, а пет се ранети во денешниот напад на руските сили врз телевизиска кула во Киев, соопшти државната служба за вонредни состојби на Украина.
„Пет лица загинаа, а пет се ранети во гранатирањето на телевизиската кула во регионот Шевченковски. Спасувачката операција продолжува“,
се наведува во соопштението.
Претходно украинското Министерство за одбрана објави дека руските сили ја погодиле ТВ кулата во Киев со два проектили.
ТВ кулата е во близина на меморијалниот центар за жртвите на холокаустот Бабин Јар, поради што реагиираа од украинското МНР нарекувајќи го нападот варварски.
Russian troops fired on the TV tower, near the Memorial complex #BabynYar.
— MFA of Ukraine ?? (@MFA_Ukraine) March 1, 2022
Russian criminals do not stop at anything in their barbarism. Russia = barbarian. pic.twitter.com/MMJ6wSfpsS
„Која е поентата да се каже ‘никогаш повеќе’ 80 години, ако светот молчи кога бомба паѓа на истата локација на Бабин Јар? Најмалку петмина загинати. Историјата се повторува“,
напиша претседателот Володимир Зеленски на Твитер.
Зеленски исто така напиша дека поплднево разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, за како што рече антируските санкции и одбранбената помош за Украина.
„Мора да го запреме агресорот што е можно поскоро. Ви благодариме за поддршката!“,
напиша тој.
Нападот следеше по предупредувањето од руското Министерство за одбрана до жителите на Киев дека се подготвува да погоди цели во главниот град.
Во соопштението објавено во денеска попладне, руското Министерство за одбрана наведе дека руските сили се подготвуваат да извршат „високопрецизни удари“ против „Украинската служба за безбедност (СБУ) и 72. Центар за информации и психолошки операции (ПСО)“ во Киев.
Попладнево Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека „продолжува илегалната и неиспровоцирана инвазија на Украина“. Во објава на Твитер тие споделија и мапа на која се прикажани руските позиции и насоки на нападите.