До единствениот број за итни случаи 112 во 9:53 часот било пријавено дека пет малолетни и едно возрасно лице, поради обилните снежни врнежи, се заглавени во село Рајчани, Кочанско, и не можат да се симнат во Кочани
Пет деца и еден возрасен се извлечени од селото Рајчани, Кочанско, каде што биле завеани од снегот, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
До единствениот број за итни случаи 112 во 9:53 часот било пријавено дека пет малолетни и едно возрасно лице, поради обилните снежни врнежи, се заглавени во село Рајчани, Кочанско, и не можат да се симнат во Кочани.
„Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани, со лицето за контакт од Општина Кочани и градоначалникот на Општината, за координирање на активностите“,
информираат од Центарот за управување со кризи.
Нешто пред 12 часот, лицата биле извлечени од местото со теренско возило на Доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ и безбедно биле однесени и предадени на своите родители во Кочани.