По изборите, речиси сите седници на ИК на ВМРО-ДПМНЕ завршуваат со кадровски промени, кои во партијата ги нарекуваат „катарза“, додека поголема група поранешни партиски функционери бараат оставка од лидерот Христијан Мицкоски
Пратеничката Жаклина Пешевска е избрана за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата, откако за таа функција беше распишан внатрепартиски оглас.
Пешевска, од општинскиот комитет во Гази Баба, доаѓа на местото на нејзината колешка во парламентот Благица Ласовска, која дојде на позицијата претседателка на Унијата на жени кон крајот на 2018 година, за време на внатрепартиските превирања и оставката што тогаш ја поднесе Даниела Рангелова.
Пешевска е меѓу шестемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои беа осомничени за насилствата во парламентот на 27 април 2017 година, а единствена против која не беше покренато обвинение, поради што и не беше амнестирана, иако еден период беше во домашен притвор откако ѝ беше одземен пратеничкиот имунитет.
Ова е втора покрупна смена во врвот на опозициската партија откако минатата седмица беше избран нов генерален секретар на местото на Игор Јанушев, кој ненадејно поднесе оставка.
Во периодот по изборите, речиси сите седници на ИК на ВМРО-ДПМНЕ завршуваат со кадровски промени, кои во партијата ги нарекуваат „катарза“, додека поголема група поранешни партиски функционери бараат оставка од лидерот Христијан Мицкоски.
Пред извесно време Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра и нов состав на ИК, а единствено Александар Николоски и Владо Мисајловски ги задржаа потпретседателските функции во партијата, а Тимчо Муцунски позицијата меѓународен секретар.
На вчерашната седница ИК на ВМРО-ДПМНЕ распишал и јавен повик за кандидирање за претседатели на петнаесетина општински организации на партијата.
ИК ја разгледал и актуелната политичка ситуација во земјава, како и општата закана по здравјето на граѓаните од коронавирус, која, како што се наведува во партиското соопштение од седницата, е причинета поради неспособноста на Зоран Заев и на Венко Филипче да менаџираат.
„Дополнително, ИК констатираше и дека Заев не води сметка за економската состојба, на среден и на долг рок, и преку константното задолжување, прво ги крши критериумите од
се наведува во партиското соопштение.
Мастрихт, а следствено и ги загрозува ликвидноста и солвентноста на системот“,