„Јас ѝ реков ‘градоначалник, вие ја кажавте вашата невистина во јавноста, сега дозволете ми јас да ја кажам мојата вистина’. И после 15-ина минути се симнувам долу и ја гледам градоначалничката дека ме чека. Излегов да ја поздравам уште еднаш и ја поканив на прес-конференцијата. Таа ми постави прашање во кое својство свикувам прес-конференција, а јас ѝ одговорив во својство на поранешен директор на ‘Водовод и канализација’“, рече Перински
Арсовска го разреши Перински од позицијата директор на ЈП „Водовод и канализација“ поради, како што соопштија од нејзиниот кабинет, самоволие и несоодветно постапување во постапка за тендер вреден 136 милиони евра, по што двајцата на прес-конференција, во на моменти тензична атмосфера, со меѓусебни обвинувања, влетувања во збор и многубројни реплики, ги соочија аргументите за случајот
Ексдиректорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински, кој вчера беше разрешен од функцијата во претпријатието, денеска во изјава за Радио Лидер кажа дека скопската градоначалничка Данела Арсовска му порачала да не ја одржува вчерашната прес-конференција која тој ја свика, а на која непоканета влета и самата градоначалничка.
„Јас ѝ реков ‘градоначалник, вие ја кажавте вашата невистина во јавноста, сега дозволете ми јас да ја кажам мојата вистина’. И после 15-ина минути се симнувам долу и ја гледам градоначалничката дека ме чека. Излегов да ја поздравам уште еднаш, и ја поканив на прес-конференцијата. Таа ми постави прашање во кое својство свикувам прес-конференција, јас и одговорив во својство на поранешен директор на ‘Водовод и канализација’“,
рече Перински.
Перински и Арсовска вчера на прес-конференција, во на моменти тензична атмосфера, со меѓусебни обвинувања, влетувања во збор и многубројни реплики, ги соочија аргументите за постапката околу милионскиот тендер за избор на изведувач за пречистителна станица.
Арсовска го разреши Перински од позицијата директор на ЈП „Водовод и канализација“ поради, како што соопштија од нејзиниот кабинет, самоволие и несоодветно постапување во постапка за тендер вреден 136 милиони евра. Покрај Перински, поради наводна вклученост во истиот случај, вчера од својата функција беше разрешен и генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски, и двајцата кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Во насока на случајот за кој беше разрешен, Перински појаснува дека сè до петокот кога бил и разрешен од функцијата тој немал никаква комуникација со Град Скопје и додаде и дека правното мислење за потпишување согласно договорот за кредитот кој што требало да го пратат до ЕБОР не го давале.
„Ние имавме делумна нормална комуникација во првите неколку месеци и толку. Сакам да упатам и пораки до институциите, до органите кои што треба ова да го проверат, дали не е симптоматично после 33 дена молк, на последниот работен ден пред отворање на финансовата понуда да влегуваме јас и градоначалничката во комуникација после немање комуникација од три месеци за членовите на евалуционата комисија зашто не се сменети. Еве по некоја логика на нештата ако јас сум терал самоволие, а тоа ќе го докажам дека не е така ги имам и дописите. Нели е самоволие, или нели е мотивирана градоначалничката од нешто, не знам од што тоа институциите треба да си го проверат мене да ме клевети дека не сум постапил по нејзиното барање. И нели е симптоматично на денот на отворање на финансовата понуда градоначалничката да седи во мојата канцеларија и да ме разрешува“,
запраша Перински.
Перински додаде дека кога се работи за европски проекти со европски пари, процедурите се работат согласно Банката лидер на проектот, во случајот ЕИБ. Во таа насока, тој посочи дека Арсовска нему може да му наредува што сака, но оти тој никогаш не би донел одлука спротивна на правилата, процедурите и обврските преземени од страна на Градот Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ и Република Македонија.