Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, телефонски ѝ честиташе на својата наследничка Камала Харис за функцијата која ќе ја извршува.
Ова е прв контакт меѓу избраните членови на администрацијата во заминување и администрацијата која доаѓа, додека сегашниот претседател Доналд Трамп не разговарал со избраниот претседател Џо Бајден и повеќепати ја оспори неговата победа.
Како што јавува Си-ен-ен, разговорот меѓу Пенс и Харис се одржал во четвртокот попладне по локално време и повикувајќи се на извори запознати со деталите, тој се одвивал добро. Се додава дека Пенс ја понудил својата помош на наследничката Харис.
Пенс и Харис разговараат пет дена пред новата администрација да стапи на должност. За разлика од Трамп, Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.