Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, двајцата соговорници дискутирале за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО, за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот.
С Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да им дава воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина и на украинскиот народ, истакнал претседателот на државата Стево Пендаровски во денешниот телефонски разговор со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг.
Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, двајцата соговорници дискутирале за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО, за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот.
„Во однос на руската агресија врз Украина, претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир“,
стои во соопштението од кабинетот на претседателот на државата.
Генералниот секретар Столтенберг се заблагодарил за поддршката што Република Северна Македонија му ја дава на украинскиот народ во одбрана на нивната земја, се додава во соопштението.
Пендаровски и Столтенберг се согласиле дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.