Претседателот Стево Пендаровски најави дека одлуките за начинот на кој правно ќе се изведе одложување на изборите и за евентуално воведување вонредна или кризна состојба треба да се очекуваат во следните 48 часа.
Гостувајќи во „Топ тема“ на ТВ Телма, Пендаровски рече дека ставовите меѓу експертите по уставно право што ги покани попладнето во својот кабинет за да најдат правно решение за одложување на изборите, се големи и дека тие, најверојатно, нема да можат да излезат со единствен предлог.
Сепак, шефот на државата очекува, како што рече, две или три опции од експертите по што ќе се реши како ќе се постапи.
Претходно, набројувајќи ги аргументите „за“ и „против“ вонредна или кризна состојба, Пендаровски, исто така, рече дека одлуките ќе мора да се носат многу брзо.
„Ако по интервјуто на маса имам 2-3 предлога од уставните експерти, мислам дека во следните 48 часа треба да се донесат клучните одлуки“,
најави Пендаровски во „Топ тема“.
*поврзана вест Пендаровски: Можно е да го сменам ставот за вонредна или кризна состојба